(Видео) Вистински хаос на Табановце: Полицијата апси цариници и полицајци, колегите не ги даваат ,ги бранат

Вистински хаос вечерва се случува на граничниот премин Табановце каде во голема полициска акција требало да бидат уапсени голем број полицајци и цариници кои се на задача на граничниот премин,јавува ИНФОМАКС МК

t

Сепак вистинското лудило на граничниот премин со Србија настанало кога поголема група цариници и полицајци колеги на службениците кои се апсат излегле на протест недозволувајќи нивните колеги да завршат во станица.

Ситуацијата во моментов е напната и тензична од една страна се полицајците и цариниците кои треба да бидат уапсени од друга страна полицајците кои треба да апсат, а сепак најдебелиот крај е за граѓаните кои со часови чекаат за влез и излез од Македонија. Дел граѓаните кои чекаат за влез и излез од државата исто така протестираат надвор од своите автомобили, но и со свирежи од своите автомобили бидејќи граничниот премин од 18 часот е затворен за сообраќај.

Од МВР потврдуваат дека во тек е полициска акција заедно со ОЈО ГОК но бидејќи истата не е завршена со јавноста не можат да споделат повеќе детали.

Револтирани патици бараат веднап да им ја отворат границата која според нив е затворена повеќе од 3 часа и има оргомна колона.
Погледнете го видеото од случувањата на Табановце вечерва

:

 

пренесе ИНФОМАКС МК

Back to top button
Close