ВИДЕО: Во Калифорнија гори најголемата фабрика за батерии во светот

Во Калифорнија гори една од најголемите фабрики за производство на батерии за складирање енергија од обновливи извори на енергија, а локалните власти делумно го евакуираа населението.

Властите на округот Монтереј издадоа наредби за евакуација во четвртокот вечерта, откако избувна пожар во складиште за батерии на Вистра Енерџи, а се подготвуваат евакуации долж централниот брег.

Фабриката, која се наоѓа на околу 124 километри јужно од Сан Франциско, е во сопственост на Vistra Energy од Тексас и содржи десетици илјади литиумски батерии.

Овие батерии се клучни за складирање на енергија од обновливи извори како соларни панели, но може да биде исклучително тешко да се изгаснат пожарите што се појавуваат кога ќе се запалат поради хемиските својства и составот на литиумските батерии.

 

„Вистра енерџи“, која ја поседува електраната „Мос Лендинг“ на природен гас и соседниот објект за литиум-јонска батерија на брегот на округот Монтереј, потврди за американските медиуми дека во четвртокот попладне избувнал пожар во една од нејзините капацитети за производство на батерии и дека персоналот бил евакуиран од локацијата. Поради опасност од ширење на пожарот, повеќе од 1.500 цивили се евакуирани од непосредна близина на фабриката

Back to top button
Close