(ВИДЕО) Вонредна состојба, огромен пожар во Лонг Ајленд
Гувернерот на Њујорк, Кети Хокул прогласи вонредна состојба во округот Сафолк поради пожарот што го зафати Лонг Ајленд, пренесоа американските медиуми.
Пожарот не стивнува, а силниот ветер кој се прогнозира да трае до доцните вечерни часови го отежнува гаснењето на пожарот, објави Си-Ен-Ен.
Извештаите потврдија дека локалните патишта на Лонг Ајленд се затворени поради пожарот, а се шири и густ чад. Националната гарда на Њујорк обезбедува воздушна поддршка со хеликоптери и ги координира своите активности со локалните органи.
„Првиот пожар избувна околу 13 часот во саботата, а уште три избувнаа во текот на денот“, изјави извршниот директор на округот Сафолк, Ед Ромен на прес-конференција.
Во пожарите изгоре зграда во близина на аеродромот Францис С.Габрески, каде вработениете се евакуирани како мерка за претпазливост почнувајќи од 13.45 часот, изјави портпаролот за АП, истакнувајќи дека би можело да станува збор за „повеќедневен настан“ и дека се „закгрижени поради засилените ветрови“.
❗️State of Emergency Declared on Long Island Near New York 🇺🇸 – Forest 🔥 Inferno
Flames are spreading at a speed of up to 56 km/h, according to ABC. pic.twitter.com/GcNvsWN1c1
— RT_India (@RT_India_news) March 9, 2025