(ВИДЕО) Вучиќ се закани со откази и смени: Оди лечи се, му порачаа во Лесковац
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Лесковац изјави дека „научил лекција“ од протестите во Србија и ќе побара од сите државни органи да реагираат во секое време и на секое место.
„Оние што нема да го направат ова, ќе ги смениме. Полицајците кои не сакаат да го штитат редот и законот ќе бидат разрешени, како и обвинителите кои не сакаат да ги штитат редот и законот“, им рекол Вучиќ на граѓаните со кои разговарал во Народниот театар во Лесковац.
Тој повторно тврдеше дека актуелните настани се резултат на „обоена револуција“.
Демонстрантите се собраа во близина на театарот за да протестираат поради посетата на Вучиќ на Лесковац. Полициски кордон ги запре на пат кон театарот, а толпата скандира „оди лечи се, ти си болен“ и „пумпа, пумпај“.
Протестите прераснаа во масовно движење против корупцијата, обединувајќи студенти, професори, земјоделци и други работници. И покрај оставката на премиерот Милош Вучевиќ и другите министри, демонстрантите продолжуваат да бараат одговорност и правда за жртвите, како и поголеми инвестиции во високото образование.
Протестите ескалираа откако 19-годишниот Вукашин Црнчевиќ почина во болница, станувајќи 16-та жртва од уривањето на настрешницата.
Leskovac protiv Sekte.
🎥🎥Fb pic.twitter.com/Ut9nlmUhCv— 💀Patogeni puding💀 (@PatogeniP) March 22, 2025