(Видео) Вучиќ со драматично обраќање: Курти реши да ги нападне Србите

„По наредба на Албин Курти, српската судијка Љиљана Стевановиќ денеска беше отстранета од косовските институции, а за утрово беше подготвено разрешување на сите српски команданти, сите српски полицајци кои беа на седницата на Советот за национална безбедност во Белград. Албин Курти реши да ги нападне Србите“, рече Вучиќ.
Вучиќ додаде дека „Албин Курти го прекршил Бриселскиот договор и според неговата волја и волјата на оние кои го штитат, Бриселскиот договор повеќе не постои“.
„Албин Курти е тој што сака да го уништи мирот на Косово, тој е тој што сака да го нападне српскиот народ со овие одлуки каде и да живее, на југот и на северот на Косово. Србија сака да го зачува мирот и ги предупредуваме петте земји и целата меѓународна заедница „Мојата последна порака е: што и да правите, Србија ќе биде со својот народ“, рече Вучиќ.
View this post on Instagram






