(ВИДЕО) За три минути изгорел плафонот, пиротехниката ја договориле газдата Деко и Панчо, ја активирал битбоксерот Мартин, кажа обвинителот Јанев

Со потресни и детални изјави, обвинителот Борче Јанев од Основното јавно обвинителство Кочани ја образложи обвинителната постапка за трагедијата во дискотеката „Пулс“, во која загинаа 63 млади лица, а над 200 беа повредени.

 

„Безсмислени се тезите дека на одговорност треба да биде повикан само оној во чие време се случила последицата. Немаме морално и законско право. Тоа би значело дека треба да прифатиме дека обвинетите службени лица кои не биле на должност кога се случила последицата немаат вина, иако се работи за исти повторувачки пропусти. Не затаиле само обвинетите кои биле на должност. Не се работи за гледишта на обвинителството, туку за норма“, изјави Јанев.

Обвинителот истакна дека од основањето на клубот до денот на пожарот никогаш не постоел противпожарен систем, ниту било каков вид заштита.

(…)

„Од почетокот до пожарот не постоел противпожарен систем, немало противпожарни сектори, детектори, предупредувања. Со вакви аномалии нема одбрана од опасноста. Прозорците биле затворени и преградени со лим, вградени лесно запаливи материјали кои биле токсични во случај на согорување, а имало само еден излез за евакуација. Затоа тврдиме дека оваа дискотека работела спротивно на стандардите, законот, здравата логика и принципот на одговорност. Безбедноста таму не била компромитирана – таа никогаш не постоела“, истакна обвинителот.

Во своето излагање, Јанев детално ја реконструираше кобната ноќ и ги посочи клучните фактори што довеле до катастрофата. Според него, употребата на пиротехника била однапред договорена, а вградените материјали – токсични и небезбедни – ја зголемиле смртоносноста на пожарот.

„Дејан и Михајло го договориле настапот на групата ДНК и се договарале со Владимир Блажев. Пиротехниката не била случајност, туку дел од претходно договорениот сценски настап. Ваква сценографија групата користела и претходно. Веднаш по пристигнувањето, покојниот Мартин Атанасовски ги внел и активирал пиротехничките фонтани додека се изведувала песната ‘Што сака нека биде’. Плафонот веднаш се запалил, а објектот – со еден единствен излез – станал смртоносна стапица.

Повеќе

Back to top button
Close