ВИДЕО: Заев ќе биде единствен кандидат за претседател на СДСМ, ќе може да се гласа „ЗА“ и „Против“

„СДСМ постои за граѓаните, ние им служиме на граѓаните“ рече денеска Заев Заев обраќајки се од седиштетот на партијата.

Тој најави најголема политичка акција за нова позитивна промена на начинот на функционирање и менталитетот на политичките партии во земјава, почнувајќи од СДСМ.

„Ова е нова политика на СДСМ за новото време. Никој во СДСМ нема да се кандидира за функција, само за да биде функционер, туку да врши должност и да биде служител на граѓаните“, рече Заев.

Заев е единствен кандидат но ќе има можност неговите сопратијци да гласаат „ЗА“ и „Против“.

„Веруваме во демократија, па иако сум единствен кандидат не може да му се допаднам секому, дури и на социјалемократите во чие име ја исполнувам оваа функција затоа што сме демократска партија имаме различни мислења по многу прашања“ рече Заев.

Back to top button
Close