(ВИДЕО) Заев: Не сум пробал џоинт, но…

Претседателот на Владата на Македонија Зоран Заев во гостување во емисијата „Само интервју“ на телевизија Канал 5 беше прашан дали некогаш пробал марихуана, жаргонски кажано џоинт, пренесува ТВ21.

„Не сум пробал џоинт, но тоа не значи дека не треба да поддржам нешто што јас не го користам“, рече Заев, потенцирајќи дека е за легализација на марихуаната.

Тој дополни дека е стрејт но поддржува ЛГБТИ права, како и дека не е од сиромашно семејство, но дека се залага за тоа сиромашните да преминат во средна класа.

Back to top button
Close