ВИДЕО: Застрашувачки татнеж од силниот земјотрес кој вчера ја погоди Света Гора – монасите истрчаа исплашени

Силен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтер е регистриран на Света Гора, малку по 9 часот вечерва.

Според грчките медиуми, епицентарот на земјотресот бил лоциран на 8 километри северозападно од Кареја на Света Гора, додека длабочината на жариштето била на 5 километри.
Според информациите, земјотресот бил почувствуван во Солун, а потоа следеле уште три последователни потреси, од кои најсилниот бил со јачина од 3,3 степени според Рихтер.
Според информациите на Вориа, во Кареја се појавиле бројни пукнатини на старите згради, додека дел од лустер се одвоил во манастирот Есфигмен, кој е посветен на Успението на Богородица.

Back to top button
Close