(Видео) Затвореници од Шутка пријавиле дека биле натепани од Единицата за интервенции на затворската полиција, еден од нив однесен и во болница

Неколку затвореници од Казнено-поправната установа „Скопје“ во Шутка завршиле со повреди, а според неофицијални информации, најмалку еден од нив завршил во болница, откако Единицата за интервенции на затворската полиција извршила претрес во затворот. Дел од затворениците тврдат дека била употребена прекумерна сила, а на социјалните мрежи веќе се шират снимки на кои се гледаат демолирани затворски соби.
По информациите за случувањата, Народниот правобранител соопшти дека испратил тим од Механизмот за граѓанска контрола за да утврди дали при интервенцијата имало незаконска употреба на сила. Оваа Единицата за интервенции е под водство на Управата за извршување на санкции.
„Народниот правобранител по добиените сознанија дека при претрес од страна на Единицата за интервенции на затворската полиција, која е под директна надлежност на Управата за извршување на санкции, во КПУ Затворот „Скопје“ има повредено повеќе лица, денес испрати тим од Механизмот за граѓанска контрола со цел да направи увид и да ги собере потребните докази за да утврди дали во овој случај имало прекумерна употреба на сила. Во оваа насока, Народниот правобранител известува дека откако ќе ја утврди фактичката состојба, ќе ја информира јавноста за неговите констатации и дека за овој случај ќе ги преземе сите дејствија кои му стојат на располагање согласно Законот за Народниот правобранител“, соопштија од институцијата.ѓ
По информациите за случувањата, Народниот правобранител соопшти дека испратил тим од Механизмот за граѓанска контрола за да утврди дали при интервенцијата имало незаконска употреба на сила. Оваа Единицата за интервенции е под водство на Управата за извршување на санкции.
„Народниот правобранител по добиените сознанија дека при претрес од страна на Единицата за интервенции на затворската полиција, која е под директна надлежност на Управата за извршување на санкции, во КПУ Затворот „Скопје“ има повредено повеќе лица, денес испрати тим од Механизмот за граѓанска контрола со цел да направи увид и да ги собере потребните докази за да утврди дали во овој случај имало прекумерна употреба на сила. Во оваа насока, Народниот правобранител известува дека откако ќе ја утврди фактичката состојба, ќе ја информира јавноста за неговите констатации и дека за овој случај ќе ги преземе сите дејствија кои му стојат на располагање согласно Законот за Народниот правобранител“, соопштија од институцијата.
Директорот на затворот, Бобан Утковски, посочува дека при претресот на единицата, имало употреба на физичка сила од страна на затворските полицајци.
„Како институција, не би сакале да носиме предвремени заклучоци. Во овој момент не би било ниту професионално ниту одговорно однапред да се квалификува дали станува збор за прекумерна употреба на сила или за постапување во рамките на законските овластувања. Сите околности ќе бидат темелно и непристрасно утврдени преку законски предвидените постапки. Доколку се констатира дека било постапено спротивно на законските овластувања, ќе биде преземена соодветна одговорност. Доколку, пак, се утврди дека употребата на сила била законска, неопходна и пропорционална на околностите, тоа исто така ќе биде јасно соопштено. Наш приоритет останува почитувањето на законите, заштитата на човековото достоинство и обезбедувањето на безбедноста во установата, при што секое постапување мора да биде законито, професионално и во согласност со највисоките стандарди“, вели Утковски.
Во меѓувреме, затвореници сведочат дека, според нив, ваквите, како што ги нарекуваат, „насилни претреси“ се спроведуваат во келиите каде престојуваат, како што велат „обични осуденици“, па посочуваат дека припадниците на Единицата за интервенции не постапуваат на ист начин кон затворениците кои важат за „најмоќни во установата“.
„Скопје1“ испрати прашања до Управата за извршување санкции со барање да одговори дали досега ги проверувала наводите за прекумерна употреба на сила, имајќи предвид дека ова не е првпат да има вакви поплаки. Побаравме и објаснување која била потребата од употребата на сила при претресот, како и дали припадник на интервентната единица завршил во болница поради напад од затвореник или поради здобиени повреди. На овие прашања очекуваме одговори.






