Видеотеатар во 11 кратки епизоди вечер на „Скопско лето“

– На програмата на „Скопско лето“ вечер од 20.30 часот во Сули ан (Факултет за ликовни уметности) е видеотеатарот „Дисперзирана драматика: Сирота мала богата драма во Кратово (драми во движење)“.

Видеотеатарскиот проект е во 11 кратки епизоди. Креатор, продуцент и визуелен драматург е Иванка Апостолова Баскар, режијата е на Теа Беговска, видео камера/монтажа на Михаило Апостолов и фотографии на Весна А. Бришкоска. Играат: Емилија Мицевска Трајковиќ и Томе Станковски.

Настанот е во продукција на Македонски центар ИТИ Продукција и ќе се одржи согласно со здравствените протоколи за одржување настани.

Во Сули ан утревечер од 20:30 часот вокално-инструментален концерт ќе одржи Ансамблот за народни песни и игри на Македонија „Танец“. На концертот насловен „Мелем песна“ ќе настапат оркестарот, хорот и солистите на „Танец“.

Back to top button
Close