Викендов во Волково втор „Јунски коњички турнир“ и првенствено коло во прескокнување пречки

 

 Во организација на Коњичкиот клуб „Бравадос“ од Скопје утре ќе се одржат Вториот „Јунски коњички турнир“ и третото коло од Отвореното државно првенство во прескокнување пречки.

Натпреварувањата започнуваат во 8:30 часот на теренот во скопската населба Волково.

На програмата, како што соопшти Македонската федерација за коњички спортови, се пет натпревари во прескокнување пречки во класите А, Б, Ц, Д и дебитанти, со височина на пречките од 0.70 – 1.15/1.25 метри

Back to top button
Close