Вил Смит ја напушта филмската Академија  

Актерот Вил Смит ја напушти американската Академија за филмски уметности и науки откако на церемонијата на доделувањето на Оскарите му влепи шлаканица на комичарот Крис Рок, објави интернет изданието на магазинот Variety.

„Ја изневерив довербата на Академијата. На другите номинирани и на победниците им ја ускратив можноста да слават и да биде прославени поради нивната извонредна работа“, стои во изјавата на американскиот актер.

Смит признава дека самиот негов чин ја засенил и самата Академија на доделувањето на наградите.

„Го напуштам своето членување во Академијата и ќе ги прифатам сите идни последници коишто Комисијата ќе ги смета за соодветни“, додава актерот.

„Листата на оние кои ги повредив е долга и го вклучува и Крис, неговото семејство, многу мои драги пријатели и саканите, сите присутни и светската публика дома“, напишал Смит.

Тој на 94-то издание на доделувањето на Оскарите го удри комичарот Крис Рок, водител на церемонијата, откако овој се пошегува солено на сметка на неговата сопруга Џејд Пинкет во врска со тоа што таа поради алопеција нема коса.

 

 

 

Back to top button
Close