Вимблдон 2022 со рекорден вкупен награден фонд


Вкупниот награден фонд за годинешниот Вимблдон ќе изнесува рекордни 40,3 милиони фунти, објавија денеска организаторите на третиот тениски Грен слем во сезоната.

Победниците во машка и женска сингл конкуренција ќе освојат по два милиони фунти, што е помалку од 2,35 милиони фунти што ги добија во 2019 година, кога турнирот последен пат се одржа пред полни трибини.

Меѓутоа, вкупниот фонд е зголемен за вкупно 5,4 отсто во однос на 2019 година, кога наградниот фонд изнесуваше 38 милиони фунти, а за 11 отсто во однос на минатата година, јави „Би-Би-Си“.

Вимблдон им плати на тенисерите вкупно 10 милиони фунти во 2020 година, откако турнирот беше откажан поради пандемијата на коронавирусот.

Зголемени се наградите за 40 отсто за тенисерите со инвалидска количка, а зголемени се и наградите за квалификациите. Квалификациите кои ќе ги поминат сите три рунди ќе добијат 62 000 фунти, додека победата во првиот круг од главниот настан ќе вреди 50 000 фунти.

Вимблдон 2022 е на програмата од 27 јуни до 10 јули. зс

Back to top button
Close