Винисиус: Бразил ќе се врати посилен и ќе го освои трофејот во 2026 година

epa10326168 Vinicius Junior of Brazil misses a chance to score during the FIFA World Cup 2022 group G soccer match between Brazil and Serbia at Lusail Stadium in Lusail, Qatar, 24 November 2022. EPA-EFE/Tolga Boz
Напаѓачот на Реал Мадрид и Бразил, Винисиус Жуниор верува дека неговата репрезентација ќе се врати на терените посилна по неуспехот на Мундијалот во Катар.

Бразил на Светското првенство 2022 е елиминиран од Хрватска (1:1, 2:4 на пенали) во четврфиналната фаза.

– Плачев на теренот, плачев во соблекувалната, плачев сам во авионот, плачев кога стигнав дома и ќе плачам кога ќе се сетам колку бевме блиску… Тоа беше најлошиот ден во мојот живот. Без сомнение, многу сум тажен. Го напишав овој текст неколку пати, а потоа го избришав. Немам доволно зборови да го опишам разочарувањето, останаа само солзите. Насмевката ја нема, ми треба време повторно да ја најдам. Го сакам фудбалот и ова ќе ми даде нова можност да го одведам Бразил таму каде што навистина заслужува да биде – до врвот. Божјиот план е секогаш повисок од нашиот план. Ќе се вратиме посилни од било кога. Бразил, илјада извинувања. Не успеавме во важен момент и ги разочаравме сите, извинете… Ви благодариме за поддршката и љубовта. Обединет Бразил ќе го освои светот во 2026 година, запомнете го ова, напиша Винисиус на социјалните мрежи.

Репрезентацијата на Хрватска на 13 декември ќе се сретне со Аргентина во полуфиналето на Светското првенство во Катар.

Back to top button
Close