Винисиус: Ла Лига не презема ништо против расизмот


Напаѓачот на бразилската фудбалска репрезентација и член на Реал Мадрид, Винисиус, го обвини раководството на шпанската Ла Лига дека не презема ништо по прашањето на расизмот, откако на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа како навивачи го навредуваат и фрлаат предмети за време на натпреварот против Реал Ваљадолид.

Бразилскиот напаѓач беше изложен на вербално злоставување на стадионот „Жозе Зориља“ во Ваљадолид додека минуваше покрај домашните навивачи откако беше повлечен од игра во победата на Реал Мадрид од 2-0.

Ла Лига објави соопштение осудувајќи ги сите облици на говор на омраза и наведе дека ги следи случаите на расизам на натпреварот. Меѓутоа, Винисиус оцени дека раководството на лигата не презема ништо по прашањето на расизмот.

„Расистите и натаму доаѓаат на стадионите и го гледаат најголемиот клуб во светот, а Ла Лига и натаму не работи ништо“, напиша Винисиус на социјалните мрежи.

„Ќе продолжам со крената глава да ги славам своите победи“, додаде бразилскиот фудбалер.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close