Винисиус знае каде ќе ја продолжи кариерата

Во пресрет на четвртфиналниот дуел од Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Баерн во центарот на вниманието е и играчот на „кралскиот клуб“ Винисиус Жуниор. Тој во најавата на дуелот зборуваше и за тоа каде ќе ја продолжи кариерата.
Во последно време сè почесто се зборува за негово заминување од Мадрид, а неговиот договор со Реал трае до 2027 година и како што е вообичаено има шпекулации за негово заминување од клубот. Како потенцијални следни дестинации се споменуваа екипите на: Манчестер Сити, Арсенал Челзи, Ливерпул, ПСЖ и Баерн.
– Кога ќе биде вистинското време, ќе го продолжам договорот со Реал Мадрид и тука ќе останам уште долго. Реал Мадрид е клубот од моите соништа, изјави Бразилецот.
Тој на прес конференцијата истакна дека има добар однос со тренерот Алваро Арбелоа, како и со Карло Анчелоти, но јасно беше дека немаше добри односи со претходниот тренер на Реал Чаби Алонсо.
Винисиус треба да биде максимално подготвен бидејќи токму селекторот на Бразил Анчелоти од него очекува многу на Светското првенство. Бразил е во група со Мароко, Хаити и Шкотска






