Високи цени на билетите за македонските навивачи во Вараждин

Светската ракометна федерација во соработка со домаќинот Хрватска ги објави цените за втората фаза од Светското првенство. Најскапи се во „Вараждин арената“ каде што игра Македонија, зголемени од 50 и 70 евра на 80 и 100 евра.

Во „Арената Загреб“, каде што ќе се играат натпреварите од втората фаза, билетите се пуштени во продажба по 40, 60 и 80 евра, а најевтини билети има за Претседателскиот куп во Пореч, каде цените се движат од 5 до 25 евра.

Инаку, Македонија денес од 15:30 часот ќе игра со Австрија

Back to top button
Close