Вистинската причина зошто Чарлс не се оженил со Камила


Хари во својата биографија признава дека тој и брат му Вилијам се обиделе да го спречат бракот на татко им Чарлс и Камила Паркер Боулс.

Според Хари, Камила била добредојдена во семејството, но браќата сметале дека бракот е несоодветен. Во меѓувреме, Хари и Вилијам наводно се помириле со бракот на својот татко. А неодамна исплива на површина вистинската причина поради која Камила не смеела да се омажи за Чарлс.

Кралски биограф има теорија за некогашните несреќни љубовници Камила и Чарлс: „Тоа беше еден од најкултните моменти на минатиот век ‘сети-се-каде-беше-кога’: на 29 јули 1981 година тогашниот принц Чарлс се ожени со леди Дијана Спенсер на свадба од бајките, што ја гледаа 750 милиони луѓе. Тоа беше, како што подоцна рече Дијана, најлошиот ден во нејзиниот живот“.

„Не можам да се омажам за него“, им рекла Дијана на своите сестри за време на ручекот пред свадбата. Но, таа го стори тоа. Секако, сите го знаеме крајот на оваа приказна. Несреќниот брак предизвикан од скандали заврши со развод во 1996 година, но не пред трајната љубов на Чарлс за Камила Паркер Боулс да стане општо позната.

Во 2005 година принцот Чарлс, конечно, се ожени со Камила и се чини дека тие се среќни заедно, како што, всушност Дијана, која загина во трагична сообраќајна несреќа во 1997 година, претпоставувала дека ќе бидат.

По смртта на кралицата Елизабета, кралот Чарлс Трети се искачи на тронот со кралицата-консорт покрај него и јасно е дека нивната љубов опстојува откако првпат почнаа да се состануваат во 1972 година. Па зошто Чарлс не се ожени со Камила?

Со ова прашање се занимава биографијата на Сали Бедел Смит, „Принцот Чарлс: Страстите и парадоксите на неверојатниот живот“.

Според Бедел Смит, Чарлс уште од самиот почеток ја обожавал тогашната Камила Шанд, која е блиска по возраст со Чарлс (Дијана била 13 години помлада) и отсекогаш го третирала како рамноправен, а не како некој што го идолизира.

Сепак, кралското семејство не било заинтересирано Камила да биде нивна принцеза. Како прво, таа била перципирана како искусна жена, што во тоа време било непожелно, во смисла дека не била соодветна сопруга за принцот Чарлс. Од друга страна, таа не била сфатена како доволно аристократска за да биде принцеза, според книгата „Војвотката: Камила Паркер Боулс и љубовната афера што ја потресе круната“ од Пени Џунор.

„Убаво е што сте се заљубиле, но ова апсолутно не може да заврши со брак“, го советувал вујкото, лорд Лорд Маунтбатен.

Back to top button
Close