Вкупно 119 санкции за возење под дејство на алкохол

– Во текот на вчерашниот ден спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на државата за санкционирање возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол, при што се санкционирани 119 возачи.
Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението од МВР.






