Вкупно 125 квир лица во германската Католичка црква повикаа да запре дискриминацијата врз нив  

Вкупно 125 вработени во Римокатоличката црква во Германија, вклучувајќи свештеници, учители и црковни управители, се изјаснија како квир и повикаа да запре дискриминацијата врз нив, јави ДПА.

Иницијативата е наречена „#OutInChurch. За Црква без страв“.

Активистите сакаат да имаат можност да живеат и работат отворено како ЛГБТИК+ лица во црквата без страв.

Сите 125 лица бараат измена во црковното трудово право, со што сексуалната ориентација и родовиот идентитет повеќе нема да бидат причина за отпуштање.

Исто така, се бара и клеветнички изјави околу полот и сексуалноста, да бидат избришани од наставата во црквата, како и „целосен пристап на сите полиња на дејност и занимање во црквата, без дискриминација“.

Според OutInChurch, таквите „застарени изјави на црковната доктрина“ за сексуалноста и полот, треба да бидат ревидирани „врз база на теолошки и хумано-научни сознанија“.

OutInChurch упати повик до сите ЛГБТИК+ лица, кои работат постојано или како волонтери за Католичката црква, да се придружат на иницијативата. Се апелира до бискупите јавно да се изјаснат за поддршка на манифестот.

ЛГБТИК се однесува на лезбејки, геј, бисексуалци, трансродови, интерсексуалци и квир лица, како и знакот плус за малцинските идентитети и полови.

Back to top button
Close