Вкупно 261 член на банди депортирани од САД во Ел Салвадор
Од САД во Ел Салвадор се депортирани 238 членови на бандата Трен де Арагуа и 23 припадници на бандата МС-13.
Претседателот на Ел Салвадор, Најиб Букеле изјави дека криминалците вратени од САД ќе бидат префрлени во мегазатворот ЦЕЦОТ.
Тој додаде дека помеѓу депортираните се и двајца водачи на бандите.
Според Букеле депортацијата ќе помогне во разузнавачките напори за разбивање на преостанатите структури на бандите.
– Нашата работа ќе продолжи до откривање на целата мрежа, вклучително и поранешни и нови членови, пари, оружје, дрога, засолништа, соработници и спонзори, истакна Букеле.
Тој повтори дека неговата Влада е посветена на борбата против организираниот криминал и соработката со сојузниците