„Вкус што обединува“ – саем на македонска традиционална храна
Националната федерација на фармери денеска од 10 до 19 часот на првиот кат во ТЦ Скопје сити мол организира саем на македонска традиционална храна „Вкус што обединува“. Настанот е посветен на автентичните домашни вкусови и е поддршка на локалните производители.
-Љубителите на македонската кујна ќе имаат можност да уживаат во најразновидни домашни производи: лутеници, ајвар, природни сокови, путери, мармалади, маџун, мед, макала, преработки од зеленчук и овошје, вино и ракија. Ова е шанса да ги откриете богатите ароми и традиционалните рецепти што ги носат корените на нашите рурални заедници. Саемот не е само изложба, туку и порака за поддршка на домашното производство, поттик за еднаквост и интеграција, како и вистинска можност да дознаете повеќе за значењето на локалната храна, соопшти организаторот.
Саемот организиран од Националната федерација на фармери и Скопје сити мол е дел од манифестацијата „City Bazar“. Поддржан е од Шведска и организацијата „We Effect“ преку проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители од руралните области“