Владата без визија додека економијата тоне

Македонија ќе го заврши годината со најнизок економски раст во регионот, според извештајот на Светска банка, а експертите жестоко ја критикуваат Владата за нејзиното безделничење и немање јасна стратегија.

Професорот Абил Бауш за ТВ24 истакнува дека моделите одамна предупредувале на ваквиот исход, но Владата наместо да се зафати со итни структурни реформи, ја префрла вината на претходниците.

Бауш предупредува дека борбата против корупцијата, неефикасниот јавен долг и недостатокот на реформи во даночниот систем се главните причини за стагнацијата. Според него, владините капитални инвестиции се повеќе политички мотивирани отколку економски оправдани, додека зголемувањето на платите во јавниот сектор се прави без јасна основа за економски раст.

Back to top button
Close