Владата купува ВИ за 1,6 милиони евра oткако веќе инвестира во „Везилка

Од Генералниот секретаријат, кој го објави и потоа го поништи тендерот, тврдат дека хардверот и софтверот што сакаат да го купат е наменет за системот е-влада. „Везилка“, која летово владата ја претстави како фабрика за вештачка интелигенција (ВИ), не можела да ги исполни сите потреби

Од Министерството за дигитална трансформација, пак, иако индиректно, тврдат дека „Везилка“ може да ги задоволи истите потреби кои се наведени како барање во техничката спецификација на тендерот на Генералниот секретаријат

Беа тоа последните денови на месецот јуни, кога во еден од најголемите скопски хотели министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски го пречека премиерот Христијан Мицкоски.

Заедно со други членови на Владата, амбасадорот на ЕУ, претставници на науката и други, беа таму за да ја промовираат „Везилка“.

 

„Постојат проекти чија вредност не се мери само преку инвестицијата што ја носат или инфраструктурата што ја создаваат, туку преку нивната способност да ја променат насоката во која се движи едно општество“,изјави на 24 јуни 2026 година премиерот Христијан Мицкоски.

Скратено, „Везилка“ е фабрика за вештачка интелигенција. Може да произведува решенија кои ѝ се потребни на науката, бизнисот, но и на државата – на македонски јазик.

Повеќе

Back to top button
Close