Владата одобри уште едно задолжување, Државни патишта од две домашни банки ќе земат 40 милион евра кредит
Владата даде зелено светло за ново задолжување на Државни патишта. Претпријатието овој пат ќе подигне кредит од 40 милиони евра. Средствата ќе ги стокми преку Комерцијална и Халк банка. За ова Владаа на седница на 4 август издаде државна гаранција и со тоа му одобри на ЈПДП повторно да се задолжи на домашен пазар.

За разлика од претходно, овој пат не е јасно прецизирано за што точно е задолжувањето. Во одлуката пишува само – финансирање на преземени одлуки и рефинансирање на долгови.
На почетокот од јуни беше одобрено ЈПДП да се задолжи за 140 милиони евра за финансирање на Коридорот 8 , но и за Коридорот 10 Д, односно за патот од Прилеп до Битола.
Беше одобрено и задолжување за сума од нешто над 176 милиони евра исто така од домашните банки. И за ова задолжување стои дека е за финансирање на автопатот Кичево – Охрид кој се гради повеќе од една деценија






