Владата предлага намалување на затворските казни за Злоупотреба на службената положба и овластувања, како што бараше ВМРО-ДПМНЕ пред 5 години
Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик (КЗ) со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Предложените законски измени на КЗ се доставени во Собранието со европско знаменце и веќе се ставени на дневен ред, пренесе СДК.
Според предлогот, треба да се укинат одредбите од членот 353 за затворски казни од најмалку три и пет години, и место тоа се воведува затворска казна од една до четири години. Со одредување горна граница на можната затворска казна се отвора можност за уште побрзо застарување на делата, што веќе стана пракса во судските случаи со поранешните функционери.
Вакви законски измени бараше ВМРО-ДПМНЕ во 2018 година на тогашните лидерски средби на Зоран Заев и Христијан Мицкоски, со цел застарување на делата на обвинетите поранешните функционери од Владата на Никола Груевски.
…