Владата закажа итна седница за проблемот со јавниот превоз

На седницата ќе се расправа за позајмување на гориво од нафтените државни резерви кои ќе се доделат на Градот Скопје се до надминување на проблемот со набавката на нафта за градот и ЈСП

Владата се вклучува во решавање на проблемот со јавниот превоз, пренесува „360 степени“ повикувајќи се на владини извори.

Според порталот, денеска во 14 часот ќе се одржии итна владина седница за надминување на состојбата во Градот Скопје со недостиг на гориво за Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП).

На седницата, ќе се расправа за позајмување на гориво од нафтените државни резерви кои ќе се доделат на Градот Скопје се до надминување на проблемот со набавката на нафта за градот и ЈСП.

Скопјани од утрово мора да се снаоѓаат за да стасаат до своите работни места поради вчерашните најави на синдикатите при ЈСП „Скопје“ дека јавниот градски превоз во главниот град ќе се одвива со драстично редуциран број на автобуси, поради недостиг на гориво.

Уште од вчеравечер граѓаните на социјалните мрежи се организираат како да стигнат на работа. Така, во многу групи на социјалните мрежи се нудат слободни места во автомобилите и се посочува релацијата на која ќе се движат

Back to top button
Close