Владиката Петар: Партениј нема верници туку се обидува да изманипулира мала група “крадци и пијаници”

Митрополитот Петар ги нарече наркомани, пијаници и арамии, верниците кои деновиве бараа епскопот Партениј да биде дел од процесот на избор на нов митрополит во Охрид.

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, во проповед по литургија, пред олтарот, не ги штедеше навредите и за Партениј, а особено за верниците кои него го поддржувале.

Меѓу епитетите кои им ги лепеше, беа дека биле крадци на човечки души, армии, пијаници, наркомани, кои се обидувале да ги заведуваат другите верници.

Петар констатираше дека Партениј немал верници, како што тоа го претставувал, туку само се обидувал да ги изманипулира, во негово име, една мала група да протестира.

Повеќе

Back to top button
Close