Владиката Петар служеше панихида за загинатите бугарски војници во Цапари

Преспанско-пелагонискиот Митрополит Петар и Старозагорскиот Митрополит Кипријан (БПЦ) отслужиле заедничка панихида за загинатите бугарски војници од Првата Светска Војна во црквата во селото Цапари-Битолско.

На панихидата присуствувале претставници на бугарската држава, бугарскиот амбасадор во Македонија и претставници на бугарските здруженија од Македонија, воени атешеа од неколку дипломатски претставништва во Македонија, но не и претставници на македонската држава.

Ова е прв пат на вака високо црковно ниво да биде одбележан овој настан во сослужение со владици на МПЦ-ОА и на БПЦ. Особено интересно е што на панихидата уествуваше личнио Владиката Петар, кој низ изнимативе години имало случаи кога ставал под санкции свештеници во неговата епархија за служење панихиди за бугарски војници. Владиката Петар денеска во црквата во Цапари отслужи панихида и држеше говор пред претставниците на здруженијата против кои организираше протести во Битола. Сите, заедено, како ништо да не се случувало изминативе две-три години го одбележаа овој настан.

Бугарскиот владика Кипријан утре ќе сосолужува во Прилеп заедно со владиката Петар. На, владиката Петар, кој важи за голем патриот и чувар на македонскиот национален идентитет, не му пречи тоа што Бугарската црква и даде име Северномакедонска црква на МПЦ-ОА.

Инаку, за време на Првата Светска Војна селото Цапари е на линијата на фронтот и покрај селото се погребани 214 бугарски војници и офицери, загинати во заштита на Црвената Карпа. Во 2004 година овие гробишта се обновени за прв пат, и претставуваат први оовицијални воени гробишта во Македонија.

 

Back to top button
Close