Влатко Стефановски во Сплит доби признание за животно дело „Порин“

Во пресрет на концертот и доделувањето на „Порин“ за посебни заслуги, Стефановски на прес-конференција ги претставил своите две нови изданија

Еден од најпознатите македонски гитаристи Влатко Стефановски во Сплит ја прими наградата за животно дело „Порин“ која се доделува за исклучителен придонес во музиката.

Со признанието организаторите му оддадоа чест за неговата богата кариера, бројните албуми, меѓународни турнеи и соработки што го обликуваа звукот на регионот.

Стефановски наградата ја примил во рамки на неговиот концерт „Акустик најт“ (Acoustic Night) во Хрватскиот дом во Сплит.

Во пресрет на концертот и доделувањето на „Порин“ за посебни заслуги, Стефановски на прес-конференција ги претставил своите две нови изданија. Станува збор за авторскиот албум „Масл мемори“ (Muscle Memory) и проектот „Гитар сингс“ (Guitar Sings), објавени во соработка со „Кроација рекордс“ (Croatia Records).

Back to top button
Close