ВЛЕН: Време е за ветинг на Муса Џафери, пријател на Сашо Мијалков

ДУИ повторно глуми дека ќе се „чисти“ од криминал, но вистината е сосема поинаква – тие што треба да „чистат“ се 20 години во врвот на политиката и бизнисите, и глумат дека нешто ќе чистат за тие самите да останат на врвот, велат од ВЛЕН.

„Време е за вистински ветинг, време е да се отвори темата за Муса Џафери, еден од клучните луѓе на Али Ахмети, кој со години беше највлијателната фигура во сенка. Човекот што ги договараше сите најважни „зделки“, човекот што ги влечеше конците зад политичката сцена и најдобриот сојузник на Сашо Мијалков.

ДУИ, до кога ќе ја лажете јавноста? Како е можно човек што беше десна рака на Ахмети и учествуваше во секој коруптивен проект да биде дел од наводното „прочистување“? Зошто неговите синови преку фирми блиски до власта добиваат милионски тендери? Како се отпишуваат долгови од милиони евра за фирмите блиски до Муса Џафери?

Како е возможно судовите во Америка да досудат корупција за давањето мито на високи функционери на ДУИ во Македонија, а судовите во Македонија да останат неми? До кога ќе дозволувате вашите функционери да се богатија на грбот на граѓаните, додека државата тоне во сиромаштија?“, прашаа од ВЛЕН

Back to top button
Close