ВМРО-ДПМНЕ: Филипче од сред Грција ја кодоши и напаѓа Македонија

По стапките на Зоран Заев, Венко Филипче од сред Грција ја кодоши и напаѓа Македонија.

Кога мислевме дека од Заев нема полошо, Филипче е тука да не демантира и да ни покаже зошто мора да се поразат овие квази политичари кои ја мразат сопствената држава и ги распродаваат националните интереси и не смее да се дозволи да помислат дека некој ќе им даде нова шанса да ги повторат предавствата.

И сето ова се случува од Грција, од каде фирмата која му го купи џипот на Венко Филипче купуваше јаглен.

Џип и фирма за кои Филипче со денови молчи и не дава одговори – како и зошто му купиле џип, и како и зошто 9 милиони завршиле на сметка на фирма на Заеви во Бугарија.

Back to top button
Close