ВМРО-ДПМНЕ: Филипче одбива дијалог и подадена рака за градење политички консензус за државните интереси

Венко Филипче не одбива само лидерска средба, Филипче одбива дијалог и подадена рака за градење политички консензус за државните интереси. Иако СДС и Филипче од уста не ја вадат европската интеграција на Македонија, денес уште еднаш покажаа дека нив тоа не ги интересира, дека тоа им е пропаганда за гола политика, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа што тема на лидерската средба, на која Филипче одбива да биде дел, ќе бидат реформските закони, кои се дел од реформската агенда за ЕУ, која има цел унапредување на економскиот раст и стабилноста на државата.

Венко Филипче покажа дека сè добро во и за државата му смета. Му сметаат реформите во правосудството, во безбедноста, слободата на изразување, како и напредокот на државата.

На денешниот таканаречен брифинг со новинарите Филипче потврди дека го интересира само неговата партиска фотелја во СДС, која верно му ја чува неговиот ментор и верен другар од лудите журови во Дубаи и на Халкидик.

Го разбираме зошто е против реформите во правосудството и Обвинителството. Затоа што до коска е исплашен од чистењето на кадрите избрани од „Бихаќска“, кои го штитат од одговорност за криминалот од 20% провизија за модуларните болници, а која во Тетово го зеде данокот од 14 живи изгорени луѓе за само две минути.

За тендерите за набавка на јаглен за ЕСМ на фирма што нему му подарува луксузен џип „ауди“, за вакцините во корона-периодот, кои сакаше да ги набави за цена двојно повисока од пазарната, и тоа од компанија за тропско овошје, и ред други.

На Филипче му пречи и слободата на говорот на новинарите, кои поставуваат легитимни прашања и бараат ставови и одговори за разни области, па така, немајќи аргументи и одговори, новинарите, кои самиот ги викнал на брифинг, ги навредува дека шират пропаганда.

Исто така, видовме дека на Филипче му смета и системот „Безбеден град“, систем што се подготвувал со години и кој во овој пробен период покажа дека е многу ефикасен во гарантирањето на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, но и во утврдувањето на сторителите на сообраќајни прекршоци.

На Македонија не ѝ треба ваква опозиција, која е против сè, само за да биде против. Време е Филипче да се надмине себеси затоа што државата има потреба од одговорни и сериозни политичари.

Back to top button
Close