ВМРО-ДПМНЕ: Филипче во Ниш се сретнал со Шчекиќ, а во Грција со Башановиќ по насока на Заев, за кого работи СДС?

Венко Филипче во Ниш се сретнал со Милјан Шчекиќ а во Грција со пријателот на Зоран Заев, Башановиќ, под целосна насока на Зоран Заев – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче е без кредибилитет, не носи самостојно одлуки и е под целосна контрола на Зоран Заев.

 

Заев ја има клучната улога за селекција и поставување партиски функционира во СДС, како што во минатото го постави Димитар Ковачевски. Сега преку Филипче, Заев директно го постави за шеф на ПР-комуникациите Башановиќ заедно со неговиот соработник Шчекиќ.

 

Башановиќ и Шчекиќ ја контролираат ПР-стратегијата и јавните настапи на Филипче.

Башановиќ е човек со контроверзно минато, поврзан со сомнителни зделки во енергетиката и директно или индиректно вмешан во промената на името на државата Македонија.

Сега Башановиќ ги советува СДС и Филипче за секој јавен настап.

Односот на СДС и Филипче кон јавноста, преку соопштенија и прес-конференции, е директно под диктатот на Башановиќ и Шчекиќ, луѓе ангажирани од Заев да ја водат партијата.

СДС е партија во ерозија, Филипче е лидер без кредибилитет, под диктат на Заев додека довербата кај граѓаните секој дeн им се намалува.

СДС не работи за граѓаните и членството, интересите на Заев и контроверзните Башановиќ и Шчекиќ диктираат сè.

Back to top button
Close