ВМРО-ДПМНЕ ги почна протестите – бара Владата да го објави „патоказот“ за Бугарија
08.06.2021 15:57
738 Читање помалку од 1м
ВМРО-ДПМНЕ ги започна предупредувачките протести на три локации низ Скопје, пред Собранието, пред ТЦ „Мавровка“ и пред зградата на поранешна „Нова Македонија“.
Како што најавија од опозициската партија протестите се со едно единствено барање односно, Владата да го даде на увид на јавноста таканаречениот „патоказ“ за преговорите со Бугарија.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, на протестот пред Собранието рече дека доколку Владата е транспарентна како што тврди треба да ги објави деталите за преговорите со Бугарија.
„Тука сме на улиците да го кренеме гласот и двоецот Заев-Бучковски да кажат за што се преговара со Бугарија. Да кажат каков е тој патоказ или што и да е. Дали Заев ќе изигрува трговец-поединец и дали преговара со идентитетот, јазикот и кутурата – рече Мисајловски.






