ВМРО-ДПМНЕ: Македонија годината ќе ја заврши со најлош економски резултат во регионот

Ковачевски ветуваше просечен годишен раст на БДП од 5%, а годинава според извештајот на Светска банка ќе завршиме со најнизок економски раст во регионот со само 1,8%, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Ковачевски и СДС зборуваа за инфлација од 5,6%, а Светска банка прогнозира двојно повисока. Очигледно дека извештајот на Светска банка е најдобриот демант за сите лаги кои ги пушта владата на ДУИ и СДС. Поразителен е фактот кој го потенцира Светската банка дека Македонија ќе има најнизок раст, највисок дефицит и огромна инфлација“,велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, ова се резултати од катастрофалната економска политика на владејачките ДУИ и СДСМ.

„Народот во Македонија четирипати побрзо ќе осиромашува затоа што кај нас цените на основните продукти се четирипати повеќе поскапени за разлика од растот на цените во Европа. Затоа црните прогнози за до крајот на годината велат дека над 600 илјади граѓани ќе живеат во сиромаштија, а најмалку 80 илјади лица ќе бидат во екстремна сиромаштија со само 60 денари на ден“,предупредува ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека политичарите во актуелната власт се без срам зашто на вакви економски параметри велат дека македонската економија блеска.

„За доброто на Македонија оваа власт треба да замине час поскоро. Секој ден со оваа власт стопанството ќе тоне, а народот ќе осиромашува“,порачуваат од партијата.

Back to top button
Close