ВМРО-ДПМНЕ: Народот спаси промена на придавката македонски

Народот е на улиците низ цела Македонија да ја спречи распродажбата на идентитетот која ја подготвуваше сега веќе премиерот во заминување, Зоран Заев.

Затоа Заев да ја спаси кариерата и да се спаси од одговорност во пазарџиски манир на тезга го стави идентитетот, јазикот, народот, историјата, па уште и го убедуваше народот дека е блиску до договор со Бугарија. Само очајни и корумпирани политичари може да речат дека е блиску до договор со некој кој ја оспорува придавката “македонски” , антифашистичките темели на државноста, јазикот и македонските херои.

Народот спаси промена на придавката македонски, сега треба да ја спаси Македонија од Заев. Со Заев нема ниту ЕУ, а има рецесија.

Готово е. Народот, јавноста, експертите, опозицијата, па дури и членовите на СДСМ се кренаа против Заев.

Тоа значи дека за сите неуспеси на Македонија мора да биде казнет главниот виновник, Зоран Заев.

Оставка на Заев, слобода на народот.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Back to top button
Close