Отстранети знамињата на ЕУ и НАТО од Кабинетот на претседателот? Eве што велат од таму

Фотографиите кои пристигаат од Кабинетот на претседателката Гордана Силјановска Давкова, а се направени при средби, покажуваат дека знамињата на Европската Унија и НАТО се тргнати, додека пак оставено е само македонското знаме, пишува ТВ21.

ТВ21 испрати прашања до Кабинетот на претседателката Давкова за тоа зошто се тргнати овие две знамиња, а од таму порачаа дека се само поместени.

„Како што може да се забележи и од надвор знамињата на ЕУ и НАТО заедно со државното знаме се на јарболите пред Вила Водно. Знамињата се и во Кабинетот на Претседателката, но се поместени заради технички активности“, велат за ТВ21 од Кабинетот.

Претходно, кога Стево Пендаровски беше претседател, на фотографиите од средбите во позадина можеа да се забележат трите знамиња, како што е случајот во следната фотографија.

Back to top button
Close