Флора Кадриу е нова претседателка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Флора Кадриу е избрана за нова претседателка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Таа ја презеде функцијата на 4 ноември, согласно принципот на ротирање, наследувајќи го досегашниот претседател Душан Томшиќ.

Screenshot

За заменик-претседателка на Комисијата е назначена членката Наташа Амдију.

Кадриу во минатото била пратеничка на ДПА во периодот од 2006 до 2008 година, а од 2008 до 2011 година ја извршувала истата функција како членка на партијата Нова демократија.

Таа била и советничка на поранешниот претседател на државата Ѓорге Иванов, кој во 2014 година ја именувал за членка на Советот за безбедност.

Back to top button
Close