Египет стави невладина организација од Македонија на листа за тероризам
Египет објави листа со 35 организации од Европа кои ги прогласи за терористички. На оваа листа се најде и невладина организација од Македонија.

Станува збор за Islamic Youth Association. Организацијата е наведена и како членка на FEMYSO (Forum of European Muslim Youth and Student Organisations), европска мрежа на младински и студентски муслимански организации.
-Египет стави 35 исламистички организации, поврзани со Европа, на својата листа на терористички организации. Муслиманските земји сега воведуваат санкции против европски субјекти поради тоа што се премногу екстремни, се вели во објава на социјалната мрежа „Х“.






