Семејството на Џ. Ф. Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

Членови на семејството на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди започнаа правна постапка против изградба на огромен триумфална капија во Вашингтон, од страна на Доналд Трамп.

Американскиот претседател планира изградба на триумфален лак висок 76 метри, повисок од Триумфалната капија во Париз кој би засенил голем број други познати знаменитости во САД. Споменикот треба да биде изграден во близина на споменикот на Абрахам Линколн и Националните гробишта Арлингтон во Вашингтон, каде што е погребан Кенеди, како и стотици илјади припадници на американските вооружени сили.

 

Семејството смета дека изградбата на триумфалната капија трајно ќе ги уништи историски значајните панорами, а воедно и ќе го попречи погледот кон гробовите, спомениците на загинатите американски херои, како и споменикот посветен на семејството Кенеди, на Националните гробишта Арлингтон,

 

Градежните работи беа привремено сопрени на две недели, додека не се увиди нивната легалност. Меѓу тужителите се и Вашингтон и соседната сојузна држава Вирџинија, со цел да се сопре изградбата на споменикот на таа локација.

 

По враќањето во Белата куќа, во јануари 2025 година, Доналд Трамп започна неколку контроверзни архитектонски проекти, меѓу кои и уривањето на источното крило на Белата куќа, со цел да се ослободи простор за изградба на огромна балска сала, предмет кој исто така е оспорен од Судот.

Меѓу плановите на претседателот е и реконструкција на историскиот голф терен во Вашингтон.

Back to top button
Close