ВМРО-ДПМНЕ: Невработениот Жерновски излезе на бесцелна прес-конференција, веројатно, да го заработи паушалот од СДС

Неуспешниот градоначалник и несудениот амбасадор, без ниту еден ден работен стаж во реалниот сектор, а сега, како што и самиот кажа пред извесно време, невработениот Андреј Жерновски, се јави од говорница на СДС. Веројатно да си го заработи партискиот паушал, инаку како би живеел фамилијарен човек, ако е невработен и нема извор на егзистенција – се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Андреј Жерновски.

И за да си го заработи лебот од со пари украдени од народот од предавничката СДС, Жерновски држеше бесцелна прес-конференција, во која зборуваше се и сешто, а не кажа ништо.

Во однос на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски пак се служи со наслови од медиуми, затоа што не може да најде ниедна изјава, затоа што таква изјава не постои.

Ќе се задржиме уште само на едно нешто од бесцелната и тотално безидејна прес-конференција, зборува за слобода за говор а од телевизија и медиуми не се симнати, измислуваат теми, сакаат да прават насилни инциденти и одат чекор понатаму, шират страв и паника само за јавно и медиумско внимание.

Така, да, со денешниот настап, Жерновски само уште еднаш потврди дека е дел од талогот на СДС којшто цел живот се на некаква функција, државна или партиска и кои за да ги задржат фотелјите, немаат проблем да прелетаат од една во друга партија.

Народот одамна го има прочитано и проценето овој талог од остатокот на СДС и затоа неколку изборни циклуси со ред жестоко ги казни и ги испрати во длабока опозиција, а на следните со сигурност ќе ги испрати и во темната страната на историјата.

Back to top button
Close