ВМРО-ДПМНЕ: Предлозите на СДСМ дополнително би ги осакатиле земјоделците

Наместо измислени предлози, велат од партијата, СДСМ и Филипче треба да застанат пред земјоделците и да им се извинат за седумте изгубени години во земјоделството, за неисплатените субвенции и за политиките кои го уназадија земјоделството

Предлозите што СДСМ ги предлага за заштита на земјоделскиот стандард дополнително би ги осакалите земјоделците – сметаат од ВМРО-ДПМНЕ, коментирајќи ги законските измени кои ги предлага опозициската партија со кои се предвидува директна финансиска поддршка за земјоделците.

Наместо измислени предлози, велат од владејачката партија, СДСМ и Венко Филипче прво треба да застанат пред земјоделците и да им се извинат за седумте изгубени години во земјоделството, за неисплатените субвенции и за политиките со кои, според ВМРО-ДПМНЕ, македонското земјоделство било уназадено

„Да се извинат што оставаа неисплатени субвенции и долгови кон земјоделците, пари кои оваа Влада мораше да ги исплаќа и да ги расчистува. Да се извинат и за економските политики со кои дополнително го оптоваруваа стопанството, меѓу кои и солидарниот данок што го воведоа. Наместо денес да глумат загрижени за земјоделците и за стандардот на граѓаните, треба да одговорат за сопствените одлуки додека беа на власт“велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да кажува како требало да се води земјоделието, велат оттаму, СДСМ нека ги погледне резултатите.

„2024 и 2025 се години на силен раст на извозот на земјоделски производи, со резултати што се издвојуваат во споредба со извозните остварувања во изминатите 15 години. Во 2025 година извозот на земјоделски производи достигна 416,7 милиони евра, околу 85 милиони евра повеќе од 2024 година. Тоа се резултати. Земјоделците не живеат од соопштенија, туку од својот труд, од сигурен пласман, од навремена поддршка и од резултати“,додаваат од партијата.

Реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ следува откако претходно пратеникот и лидер на СДСМ, Венко Филипче, најави дека пратеничката група на социјалдемократите во Собранието ќе поднесе предлог-закон за директна финансиска поддршка за земјоделците кои, како што оцени, се разочарани бидејќи власта не им обрнува внимание

Back to top button
Close