ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Данела Арсовска имаа заеднички програмски определби на изборите

СДС од јадење мед не може да се опорави и вината за состојбата во Скопје е нивно масло кога од позиција на сила, моќ и институции на моќта ја уценуваа Данела Арсовска да прејде кај нив за да не ја влечкаат по притвори. Затоа и на основањето на нејзината партија најсреќен беше Миле Зечевиќ кој седеше во првиот ред веројатно со кривичните за Данела во џеб од сакото. Потоа се роди и љубов и заеднички програмски определби меѓу СДС и партијата на Арсовска, и Арсовска добиваше инструкции да го саботира ВМРО-ДПМНЕ преку листи на изборите и преку спрега со медиумски извршители на СДС и јавни настапи.

Ова е накусо трагичната приказна за Данела и нејзините налогодавачи од СДС кои сега се прават како да се некоја нова партија од Шведска, а не истата партија во која главен е Зоран Заев и неговиот измеќар Венко Филипче со кои делат и добро и лошо.

Апелираме до СДС да не го потценува народот.

Не е добар правецот во кој се движи и како тргнале на следните избори ќе се бори да има 100 илјади гласови затоа што народот гледа, а гледаат и нивните членови и не сакаат да се дел од нова шема на Заев за киднапирање на СДС откако Заев со Филипче ја опљачкаа и урнисаа државата, сега СДС им е сламката за спас, а членовите на СДС се нивни заложници.

Дека е под владеење на СДС и ДУИ, Арсовска говори и последното именување на кадар од ДУИ.

Им порачуваме и на ДУИ и на СДС дека ќе ги надминеме сите препреки, саботажи, мрежи и бандитски планови кои тие ги поставуваат и со Град Скопје и во судството и во други институции, и дека Македонија ќе успее, Македонија ќе победи!

Back to top button
Close