ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сам си призна дека насилници учествувале во инцидентот во Ново Село
Владејачката партија смета дека со случувањата во Ново Село СДСМ покажал тотална дезориентираност.

„Денес нивниот претставник од Ново Село, кој Венко Филипче го нарекува дете или воопшто учесниците во случајот во Ново Село во панична прес-конференција ги нарече деца, јавно призна дека е насилник и осуденик. Тој практично со неговата изјава денес од Ново Село потврди дека кажувањата на ВМРО-ДПМНЕ се точни, односно дека станува збор за правосилно осудени лица на условна казна затвор за насилство и за кривично дело поседување дрога и наркотични средства“пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Според владејачката партија, оние што Венко Филипче ги нарекувал деца практично се роднини на лицето кое него го направи претседател на СДС, Зоран Заев.
За ВМРО-ДПМНЕ ова е уште една потврда дека тие не се деца, туку, како што стои во соопштението, „талогот на Македонија“.






