ВМРО-ДПМНЕ: Струмица како Колумбија, над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма блиска на СДС и Зоран Заев

Скандалот со запленетата дрога во Струмица, потсетува на најмрачните периоди од светката криминална историја. Над две третини од вкупно 27 тони дрога се поврзуваат со фирма која директно води до кадри и блиски соработници на СДС и кланот Заеви, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
Станува збор за фирмата „ЦБД Медплант“, формално заведена на името на Христијан Котев, а фактички контролирана од неговиот татко Тони Котев -М’гчев, поранешен претседател на ОО Ново Село на СДС и човек со длабоки бизнис-врски со Вице Заев и Гидан Колев. Според наводите, во период од 30 јуни до ноември 2025 година, оваа фирма има „испорачано“ дури 19 тони марихуана кон скопска фабрика.
Лиценцата за одгледување марихуана за медицински цели на овие фирми во 2020 годинија ја дава владата на Зоран Заев и Филипче. Тогаш, владата на Заев и Филипче доделила лиценци на 2 фирми, „Еко Енерџи-Космос” од Ново Село и „Лајтинг Лукс” од Струмица, во сопственост на синот на Боро Малборо и Христијан Котев гореспоменатиот.
Медицинската марухуана била параван за организиран криминал во огромни размери.
ВМРО-ДПМНЕ уште тогаш предупредуваше дека лиценците не се делат по закон туку по семејна и партиска блискост со Заеви.
Владата на СДС делела лиценци на фирми поврзани со Зоран и Вице Заев, а резултат на тоа денес е тони дрога и сериозни безбедносни последици за државата.
Која е улогата на Зоран и Вице Заев во овој случај?
Зошто Заев лично се јавувал на телефони во Царинската управа и се интересирал за овој случај?
Колкав процент од овој скандал профитирале кланот Заеви?
Она што со години функционирало во Струмица очигледно било нарко картел со политичка заштита од СДС и Заев, по начинот на делување и однесување овој скандал потсетува на најмрачните периоди од светката криминална историја, но секој картел без разлика колку долго е заштитуван, на крај паѓа.
ЈО итно да отвори целосна истрага.
Одговорност мора да има.






