Внимавајте, празничната храна од луѓето е опасна за милениците!

голем дел од нас за празниците подготвуваме специјална богата трпеза и сервираме калорични специјалитети и пијалоци кои ги одбегнуваме во секојдневната исхрана од разни причини. Но запомнете и внимавајте со оваа празнична храна не ги храните вашите миленици. Човечката храна, посебно празничната може да биде многу опасна за здравјето на вашето куче!

Колачите, сувото и свежото грозје можат да предизвикаат бубрежно заболување па дури и откажување на работата на бубрезите на кучето. Слатки и бомбони не се за кучиња, посебно оние бонбони и слатки кои содржат ксилитол (можеме да го најде и во паста за заби). Шеќерот ја зголемува циркулацијата на инсулинот во телото на кучето, нивото на шеќер во крвта паѓа и може да му откаже работата на црниот џигер и тоа само за два дена.

Кофеинот е уште поопасен. Во поголеми количини може да биде фатален за кучето. Нема лек. Ако вашето куче пие кафе или јаде зрна кафе, пие повеќе чај или нешто друго што содржи кофеин какао и производи од какао, чоколада, газирани пијалоци, некои енергетски пијалаци, ќе почне забрзано да дише , неговото срце тешко, неправилно и забрзано работи, мускулите и телото му се тресат и може да се појави крварење.

Маринираното месо со разни зачини и маснотии, без разлика дали тоа е пилешко, мисиркино или шунка, навидум безопасна храна, може да предиизвика потешкотии во дигестивниот тракт кај кучето, да не може да ја свари храната и да предизвика панкреатитис. Маринадите, зачините и прашоците што се користат за подготовка на маринадите се многу опасни за вашето куче. Затоа остатоците од празничната трпеза тргнете ги подалеко од вашето куче.

текстот во целост прочитајте го тука

Back to top button
Close