Во Албанија од вечерва зголемено времетраењето на полицискиот час во Албанија

– Во Албанија, од вечерва, стапува во сила одлуката на Комитетот на екпсерти за справување со панедмијата, со која се зголемува времетраењето на полицискиот час,со цел „да се спречи ширењето на коронавирусот“. Полицискиот час наместо од 22:00 до 6:00 часот,што беше воведен на 11 минатиот месец, од вечерва па се до 4 јанури ќе се применува од 20:30 часот, до 6:00 часот, информираше Огерта Манастирлиу министерката за здравство и социјална заштита и член на Комитетот. -Бидејќи влеговме во период на одмори, врз основа на проценка на ризик што ја носат собирите и зголемувањето на контактите, по анализа на состојбата ја донесовме оваа одлука. Од ова се изземаат службите за инти потреби, испораки и медиумите.Од петти јануари полицискиот час се враќа од 22:00 до 6:00 часот, рече Манастирлиу.

На одлуката за зголемување на полицискиот час на ден Бадник, реагираше албанската католичка црква оценувајќи ја истата за избрзана и дискримтароска. Инаку, врз основа на одлуката на Комитетот, денеска започна и продолжениот празничен одмор за учениците од основното и средното образование.

Празничниот одмор за над 430.000 основци и средношколци завршува на 10 јануари,односно на настава треба да се јават на 11 јануари, наместо,како вообичаено на четврти јануари. Во Албанија учебната 2020/2021 година почна на 15 септември со физичко присуство на учениците,но поради влошената епидемилошка состојба од први декември истата се одвива комбнирано, онлајн и со физичко присуство на учениците.

Back to top button
Close