Во Албанија запленет еден тон дрога

Денеска албанската полиција во соработка со Гуардија Ди Финанса откри и заплени околу еден тон дрога. Во акцијата уапсени се тројца албански и двајца украински државјани.

Директорот  на полицијата во албанскиот град  Валона,  Гентијан Бербери,  информираше дека  откриени и запленети се 992 килограми марихуана. Покрај  уапсените петмина, полицијата трага во  Валона  уште по едно лице од Албанија. Операцијата, според него, е реализирана со активности од полицијата и Гуардија Ди Финаса, како од копно, вода така и од воздух.

Дрогата која е запленета била во три моторни чамци и едно патничко возило .Во операцијата  „Око“ била вкучена и италјанската полиција која постојано доставувала податоци до албанската полиција и  Гуардија Ди Финаса, а голем придонес во акцијата имале и силите на Фронтекс , соопшти истиот извор, и додаде дека  во целата операција биле вклучени 250 припадници на полицијата,

К.М.

Back to top button
Close